12 C
Skopje
Wednesday, February 24, 2021

Претставен Exynos 990, чип за новата генерација флегшип смартфони на Samsung

Најчитани вести

Идните купувачи на следните флегшип модели на Samsung ќе добијат значително забрзување на перформансите благодарение на новиот процесор што ќе биде вграден во нив. Корејскиот гигант го претстави Exynos 990, нов чип кој е за 20 проценти побрз од својот претходник (Exynos 9820 во Galaxy S10 и Exynos 9825 во Galaxy Note 10), како во обичните операции, така и при тешките графички работи, додека брзината на извршување на AI процесите ќе биде удвоена. Притоа, новиот чип ќе биде енергетски поефикасен.

На Samsung Tech Day настанот беше објавено дека лидерската позиција на јужнокорејскиот производител на пазарот на паметни телефони сè уште е безбедна и дека новиот чип ќе обезбеди значително зголемување на перформансите, што ќе биде од големо значење за задржување на постоечките, но и за стекнување нови корисници. Најверојатно, првиот телефон со Exynos 990 ќе биде Galaxy S11 (доколку компанијата одлучи да го задржи тој начин на именување на телефонот).

Новиот чип располага со осум јадра, две јадра на Samsung, две Arm Cortex A76 јадра и четири Arm A55 јадра за задачи со понизок приоритет. Направен е во 7nm процес на производство. Процесорот поддржува освежување од 120Hz на екранот на смартфонот, технологија која повеќе ја троши батеријата отколку при дисплеј од 60Hz, но обезбедува подобра анимација, скролање и генерално подобро искуство при игри. Exynos 990 е адаптиран за фотографирање и поддржува најмногу до шест камери. Моќта за процесирање на фотографиите е доволна за неодамна претставениот сензор на Samsung од 108 мегапиксели.

Покрај овој чип, Samsung објави и нов 5G модем чип, Exynos Modem 5123. Тој донесува подобрување во брзината која во пик може да достигне 8,36 гигабајти (наспроти 3 Gbps на тековната генерација модеми).

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести