20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Претставен Audi R8 LMS GT2

Најчитани вести

Audi Sport customer racing на Goodwood фестивалот на брзината го претстави R8 LMS GT2, наменет само за патеката.

Новoт Audi R8 LMS GT2 има низа аеродинамични надградувања, потоа ревидирана шасија и модифицирана верзија на моторот со 10 цилиндри поставени во форма на латинската буква V на стандардниот автомобил.

Таа изведба, воедно, претставува најмоќната верзија на агрегатот со работен волумен од 5,2 лити, што досега е понуден од компанијата од Инглоштад, со моќност од 631 КЅ и максимален вртежен момент поголем од 550 Nm.

Агрегатот, бензинец, ги задвижува задните тркала, а силата се пренесува преку седум – степен автоматски менувач на брзини, со двојна спојка.

Останатите надградби вклучуваат нов вшмукувачки  дел и повторно конфигуриран ECU.

Се базира на истата платформа како и производството на која е изграден и Audi R8 Spyder, иако е, дополнително, мора да потенцираме, зајакната со челичен кафез.

Инаку, Audi R8 LMS GT2 исто така добива редизајнирана геометрија на суспензијата, потоа реконфигурација на  анти блокирачки систем за сопирање и нов систем за контрола на тракцијата.

Како и сите GT тркачки верзии и Audi R8 GT2 има агресивен аеро- пакет кој содржи огромен преден сплитер, CFRP подни панели, задно крило и заден дифузор.

Цевките од издувниот систем за пренасочени преку задниот браник, со цел да се намали отпорот на влечење.

Верзијата наменета за Le Mans вклучува и систем за гасење на пожар одобрен од FIA, ремен со шест точки на прицврстување, безбедносни додатоци и отвор на кровот кој овозможува пристап до кабината во случај на незгода.

Предното ветробранско стакло и стаклото на страничните прозорци се заменети со поликарбонат, додека вратите на стандардниот автомобил се заменети со алуминиумски засилени единици од јаглеродни влакна, кои се во согласност со LMGTE прописите за заштита од странични удари./avtoklub.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com