0 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Претставен е Wi-Fi 6, еве што нуди

Најчитани вести

Wi-Fi Alliance објави дека Wi-Fi Certified 6 програмата сега е достапна за уреди засновани на IEEE 802.11ax. Соопштението на алијансата дава подобар увид во тоа што корисниците можат да очекуваат од Wi-Fi 6 поддршката.

“Wi-Fi Certified 6 поддржува поширок распон на уреди и апликации, од оние кои бараат најдобри перформанси во најтешките бизнис опкружувања до оние кои бараат мала потрошувачка и ниска латенција во паметните домови и IoT сценарија. Wi-Fi Certified 6 го испорачува речиси четири пари капацитетот кој го има Wi-Fi 5 и претставува еволуциски напредок за способноста на Wi-Fi мрежата да испорала инфраструктура на високи перформанси и оптимизирана конекција на сите уреди симултано – ова овозможува значајни подобрувања во поврзаните Wi-Fi опкружувања”.

Се очекува дека Wi-Fi 6 ќе нуди поддршка за мобилни мрежи, како и дека ќе испорачува бројни напредни 5G сервиси. Кога е во прашање сигурноста, Wi-Fi Alliance истакнува дека сертификацијата за Wi-Fi 6 ја бара најновата генерација на Wi-Fi сигурност – Wi-Fi Certified WPA3. За поединечните корисници, тоа ќе значи користење на верзијата WPA3 под името WPA3-Personal.

Покрај подобрената сигурност, Wi-Fi 6 ќе нуди и поширок распон како и намалена потрошувачка на батеријата.

ИЗВОР: https://usb.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести