-3 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Претставена Toyota Mirai concept

Најчитани вести

Деновиве од Toyota ја претставија концепт верзија на новата генерација на моделот Mirai, со погон на водородни горивни ќелии, чија производна верзија ќе се појави на пазарот кон крајот на идната 2020 година
Идната генерација на Toyota Mirai ќе се гради врз платформата на Lexus LS, со погон на задни тркала, има пространа внатрешност, автономија од околу 650 km и поголема моќност.

Од компанијата не соопштија повеќе детали, па допрва се очекуваат поконкретни информации.

Покрај овие информации Toyota ги објави и димензиите на возилото, па така знаеме дека Mirai е 498 см долг, 189 см широк и 147 см висок.

Споредбено со неговиот претходник, сегашниот модел е за 10 см подолг, за 7 см поширок и за 7 см понизок, а растојанието помеѓу оските изнесува 292 см.

Се знае и дека ќе биде опремена со 20 инчни фелни и Bridgestone пневматици, а внатрешноста ќе се одликува со дигитални инструменти, екран на допир од 12,3 инчи, предни седишта со греење и ладење, црна кожа, аудио систем со 14 звучници.

Како и досега така и идната генерација на Mirai ќе се произведува во Јапонија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести