23.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Претставена Realme GT Master Edition серијата телефони

Најчитани вести

Realme официјално ја претстави својата GT Master Edition серија телефони. Ова се верзии на уредите на компанијата со премиум дизајн, за кој е задолжен индустрискиот дизајнер од Јапонија – Наото Фукасава. Претставени се моделите Realme GT Master Edition и GT Master Exploration Edition.

Дизајнот на задниот дел од телефонот вклучува модели со ребрести шарки, заедно со мека кожа. Тука се и традиционалните верзии од матирано стакло.

Realme GT Master Exploration Edition доаѓа со закривен 6,55-инчен Super AMOLED панел, со брзина на освежување од 120Hz и FHD+ резолуција. Стандардниот Master Edition користи рамен 6,43-инчен супер AMOLED панел и има брзина на освежување од 120Hz. Двата уреда пристигнуваат со punch-hole 32MP селфи камери и сензор за отпечатоци под дисплејот.

На задниот дел на двата уреди има малку поинакви системи на камери. Exploration Edition има 50MP Sony IMX766 главен сензор со поддршка за OIS, а тука се и 16MP ултрашироката и 2MP макро камера. Стандардниот модел користи 64MP главна камера, заедно со 8MP ултраширока и 2MP макро.

Кога станува збор за чипсетот, Exploration Edition се потпира на Snapdragon 870, додека стандардниот GT Master Edition користи Snapdragon 778G. Достапни се 8GB и 12GB RAM меморија, како и 128GB и 256GB простор за складирање.

Батеријата од 4500mAh го напојува Exploration Edition, додека стандардниот модел користи 4300mAh батерија. И во двата случаи, поддржано е брзо полнење од 65W преку SuperDart адаптер.

Realme GT Master Edition пристигнува  во сива, бела и градиент варијанта, со почетна цена од околу 370 долари за 8/128GB, додека 8/256GB варијантата чини околу 400 долари.

Realme GT Master Exploration Edition доаѓа во сива и боја и на кајсија, по цена од околу 432 долари за 8/128GB модел и околу 478 долари за 12/256GB верзија. Цените се за пазарот на Кина, каде телефоните прво ќе се појават во продажба, од 30. јули.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести