-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Претседател на Јужна Кореја: Наскоро сите граѓани ќе бидат за една до две години помлади

Најчитани вести

Со ова Јужна Кореја го воведува меѓународниот начин на одредување години.

– Со усвоениот закон сите граѓани на нашата земја во јуни ќе бидат една до две години помлади, изјави јужнокорејскиот претседател Јон Сук-јеол. За време на предизборната кампања тој вети дека ќе го промени законот.

Имено, во Северна и Јужна Кореја до сега, според традиционалното определување на возраста, од денот на раѓање се смета дека бебињата имаат една година. Според овој метод, следната година од животот не се брои од роденденот, туку од новата година. Тоа значи дека новородените бебиња можат да имаат две години во рок од два дена, доколку се родени на 31 декември.

Во Јужна Кореја често има забуна околу возраста, бидејќи земјата досега применуваше два системи, откако во 1980 година комунистичката влада го воведе меѓународниот систем, а некои закони се применуваа според традиционалниот систем.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести