22.8 C
Skopje
Wednesday, August 4, 2021

Претседателска трка во Хрватска: На Колинда ѝ опаѓа поддршката, Милановиќ ѝ е „зад петици“

Најчитани вести

Според најновите истражувања во Хрватска, главниот конкурент на актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на претседателските избори би ѝ бил Зоран Милановиќ.

Кога сега би биле одржани претседателските избори во Хрватска, актуелната претседателка и кандидат на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ ви освоиле 28,5 отсто од гласовите, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ 24,8, а на третото место би бил независниот кандидат Мирослав Шкоро со 18,2 отсто од гласовите.

Ова се резултатите на анкетата на ХРејтиннг објавени вчера.

Порталот Индекс наведува дека од 21 мај кога последен пат била објавена анкетата на Хрејтинг до денес Грабар Китаровиќ изгубила 6,17 отсто од поддршката, а речиси исто толку напредувал Зоран Милановиќ за 6,27.

Најголем напредок остварил Мирослав Шкоро, бидејќи поддршката што ја има меѓу гласачите е поголема за 8,86 отсто во однос на истражувањето спроведено во мај.

ХРејтинг наведе дека во истражувањето се анкетирани 1.400 лица со право на глас, како и дека статистичката грешка е од плус-минус 2,62 отсто, а нивото на сигурност 95 отсто.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести