23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Претседателот Радев сака да ги одложи парламентарните избори во Бугарија

Најчитани вести

Бугарскиот претседател, Румен Радев, сака да ги одложи парламентарните избори во земјата, што беа планирани за 28 март, и побара промена на постапката за гласање.

По повод измените во постапката за гласање, Радев на консултации ги повика претставниците на партијата „Волја“. Претседателот на оваа партија, Веселин Марешки, смета дека ваквите консултации не се прават на два месеца пред изборите

-Ми се чини многу чудно што консултациите се одвиваат сега, а не беа пред шест месеци, изјави тој за ТВ Нова.

Политичарот, исто така, смета дека претседателот на државата нема надлежност да се справува со промени во изборниот процес, туку тој треба само да ги распише изборите.

-Претседателот Радев сакаше избори на 28 март, а сега тој бара подоцнежен датум. Прашањето е: кој го притиска?, праша Марешки.

Радев во декември ги распиша изборите за крајот на март, но на почетокот на јануари, поради големиот број смртни случаи од Ковид-19, нареди да се одложат изборите како мерка против ширење на вирусот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести