4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Претседателот Пендаровски ја продолжува официјалната посета на Грција

Најчитани вести

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски од вчера престојува во официјална посета на Грција, каде што се сретна со највисоките грчки претставници. Договорот од Преспа, неговата целосна и доследна имплементација, можностите за продлабочување на билатералната соработка беа темите врз кои се осврнаа претседателите Стево Пенадровски и Катерина Сакеларопулу во Претседателската палата во Атина.

Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на официјалната посета со оглед на тоа дека станува збор за прва на највисоко државно ниво. Претседателката на Грција синоќа приреди вечера во чест на Пендаровски при што изјави дека Грција и Северна Македонија, како земји со заедничка граница, имаат уште поголема одговорност кон сопствените народи да работат заедно и да ги зајакнат билатералните односи со почитување на принципот на добрососедство и на меѓународното право. Пендаровски имаше средба и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, како и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

Во рамки на посетата, претседателот ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат. За време на посетата, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com