1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Претседателот на Тунис го суспендира Парламентот и го разреши премиерот

Најчитани вести

Претседателот на Тунис, Каис Сајед го смени премиерот Хишам Мешиши и го суспендира Парламентот, по насилните протести поради зголемување на бројот на новозаболени со Ковид-19 и економската состојба.

Демонстрантите кои се судрија со полицијата вчера славеа на улиците на главниот град на Тунис, откако доцна синоќа беше објавена одлуката на претседателот. Сајед исто така го укина имунитетот на сите членови на Парламентот и најави дека наскоро ќе назначи нов премиер со цел да се врати социјалниот мир во државата.

Сајед употреби посебна уставна мерка што му овозможува да ја преземе извршната власт и да ја замрзне работата на Парламентот на неопределено време додека не се овозможи повторно нормалното работење на институциите.

– Ја донесовме оваа одлука што ќе биде во сила се додека социјалниот мир не се врати во Тунис и нема да ја спасиме земјата, нагласи Сајед во телевизиско обраќање.

Илјадници луѓе се собраа во главниот град на Тунис и другите градови вчера барајќи оставка од Владата поради пораст ан бројот на заболени со Ковид-19, и лошата економска состојба.

Во главниот град полицијата употреби бибер спреј против демонстрантите кои фрлаа камења и бараа оставка од премиерот Меши. Протести имаше и во Гафса, Сиди Бузид, Монастир и Набеул.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести