36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Претседателот на Танзанија призна дека коронавирусот не се победува со молитва

Најчитани вести

Претседателот на Танзанија конечно призна дека во неговата земја постои проблем со справувањето со коронавирусот, иако со месеци тврдеше дека може да се победи со молитви.

Популистичкиот претседател, Џон Магуфули, апелираше до граѓаните на Танзанија да преземат заштитни мерки дури и да носат маски, но само оние направени во Танзанија, пренесува „Ројтерс“.

Магуфули претходно јавно изрази сомневање за сите производи што доаѓаат од странство, вклучително и вакцините против Ковид-19.

Последните коментари и препораки на претседателот доаѓаат по еднодневната жалост за смртта на потпретседателот на полуавтономниот остров Занзибар од Ковид-19.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Габријесус, претходно апелираше до државниот врв на Танзанија да го признае постоењето на болеста во интерес на нејзините граѓани.

Во Танзанија, земја со над 59 милиони жители, досега се пријавени 509 случаи на коронавирус, 183 оздравени и 21 починат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести