15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Претседателот на Либија во посета на Атина, Дендиас утре на средба со Чавушоглу во Анкара

Најчитани вести

Претседателот на преодниот претседателски совет на Либија Мохамед Јунус ал-Менфи денеска е во посета на Атина и ќе оствари средби со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова е втора средба на ал-Менфи и Мицотакис во период од една седмица, по посета на грчкиот премиер на Триполи минатиот вторник.

Паралелно, иако беше најавена и закажана за денеска средбата на шефовите на грчката и турската дипломатија Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу во Анкара, сепак ќе се одржи утре.

Причината за презакажаното патување на Дендиас, веројатно е поради денешниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи и одбрана на НАТО.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести