7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Претседателот на Бразил падна во када и ја повреди главата

Најчитани вести

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро е примен во воената болница во Рио де Жанеиро, откако имал незгода дома, пренесуваат локалните медиуми.

Тој синоќа паднал во када и како што се наведува, навидум нема сериозна повреда. Најпрво помош му укажал лекарскиот тим на претседателството, по што бил примен во воената болница, пренесе порталот Г1.

Како се додава, претседателот ја повредил главата кога се лизнал во кадата. На снимките направени во болницата не биле забележани промени, но претседателот е задржан на набљудување меѓу 6 и 12 часа.

Болсонаро (64) беше нападнат и избоден со нож во септември минатата година, за време на изборната кампања и тогаш состојбата му беше критична.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com