Претседателот на Боливија, Ево Моралес синоќа го одби барањето на опозицијата да поднесе оставка, истакнувајќи дека треба да се почека меѓународната проценка за неодамнешните избори, а опозицијата не ги признава резултатите.
Моралес за боливиското државно радио изјави дека неговите политички противници сакаат да извршат воен удар. Тој додаде дека е жртва на расизам, бидејќи е првиот боливиски претседател со домородно потекло. Моралес, кој 14 години е на власт, победи на претседателските избори на 20 октомври, но опозицијата обвинува дека изборите се лажирани.