Претседателот на Боливија, Ево Моралес поднесе оставка од функцијата. Тој тврди дека постои „нелегална“ наредба за негово апсење.
Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес.
Мадуро ги повика сојузниците ширум светот да се мобилизираат, за да се заштити првиот боливиски претседател од редовите на автохтоните народи. На веста за оставката на Моралес реагираше и Перу, која повика на „обнова на мирната состојба во Боливија“.