1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Претседателите на Словенија, Австрија и Хрватска ќе разговараат за Западен Балкан

Најчитани вести

Трилатерален состанок на претседателите на Словенија, Австрија и Хрватска ќе се одржи денеска во Словенија, најави кабинетот на словенечкиот претседател Борут Пахор во вторникот. Главните теми на трилатералната работна средба, која започна пред неколку години во овој формат, ќе бидат закрепнување на ЕУ по пандемијата на ковид-19 и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Овие теми се исто така меѓу приоритетите на претседателството со Советот на ЕУ, кој Словенија го презема од Португалија на 1 јули.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, презентирајќи ги приоритетите на шестмесечното претседателство со ЕУ во Европскиот парламент во почетокот на месецов изјави дека за време на неговото шестмесечно претседателство со Европската унија, неговата земја има намера да го покрене прашањето за проширување на Унијата на самитот со Западен Балкан закажан за во октомври. „Словенија од сопственото искуство знае колку е важна европската перспектива кога станува збор за спроведување на реформите во рамките на пристапните преговори“, рече Јанша. Словенечкиот премиер додаде дека целта е „да се разбуди зајакната европска перспектива за Западен Балкан“ и додаде дека ветувањето е дадено на самитот во Солун во 2003 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести