Home » Претседавачот со ОБСЕ Османи во Казахстан: Средби со државниот врв и претставници на граѓанските организации

Претседавачот со ОБСЕ Османи во Казахстан: Средби со државниот врв и претставници на граѓанските организации

by Журнал.мк

Во рамки на посетата на Централна Азија во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во Астана, Казахстан.

Османи ќе се сретне со Касим Јомарт Токајев, претседател на Казахстан, а со вице-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу, покрај средба ќе имаат и заедничка прес-конференција.

Покрај тоа, Претседавачот Османи ќе има средба и со министерката за екологија и природни ресурси, Зулфија Сулеименова и со претседателот на Сенатот на Парламентот на Казахстан, Маулен Ашимбаев.

Османи во Астана ќе се сретне и со претставници на граѓанските организации, а ќе ја посети и Програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана за одблиску да се запознае со активностите и проектите што ОБСЕ ги спроведува во Казахстан.

Посетата на Казахстан и на регионот на Централна Азија претставува еден од приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Покрај тоа, при посетите, Претседавачот Османи има можност за директна размена на мислења за актуелните и важни прашања за функционалноста на ОБСЕ, како и за запознавање со работата на теренските мисии на ОБСЕ и нивната програмска и проектна соработка со земјите од Централна Азија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More