На 09.08.2023 во 19.20 часот на улица „114“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(34) од Тетово. При претрес во простории кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 30 пакувања со марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.