16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

ПРЕТРЕС во скопско, пронајдена дрога, приведено лице

Најчитани вести

Полицијата денеска при претрес во домот на 23–годишен жител на скопско Идризово пронашла марихуана, по што тој е приведен, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (20.04.2022) во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода А. Ш. (23) од село Идризово, Скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана, се вели во соопштението од МВР.

Лицето е приведено во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com