2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Претепан академик Илија Чашуле: Тројца силеџии ме нападнаа на Илинденска пред сто сведоци, кој ги прати?

Најчитани вести

Силеџиите беа три коли зад мене и излегоа тројцата и дојдоа до мојата кола, среде улица и почнаа да пцујат и ми ја отворија вратата и почнаа да ме удираат додека јас сѐ уште седев. Тројца млади јаки мажи тепаат 64 годишен човек, сведочи Чашуле.

Професорот Илија Чашуле на Фејсбук објави дека бил следен од тројца мажи кои му го попречувале патот кога се враќал од Прилеп, а кога стасал во Скопје на неколку метри пред својот дом бил брутално претепан.

Академик Чашуле отворено застана против промената на името на МАНУ. Тој одамна најави повлекување од Македонската Академија на науките и уметностите, ако според договорот со Грција биде преименувана во Академија на Северна Македонија.

Во продолжение Ви го пренесуваме сведоштвото на професорот:

„Некаде кај клучката за Синѓелиќ (Ченто) се појавија пак силеџиите и почнаа да ме гонат по Скопје. Се обидов да им избегам, ама кај Влада, баш на Димитрие Туцовиќ, кај што сум растел, почнаа да ми го попречуваат патот и излегоа првпат од кола да ме блокираат, но јас ги одминав. Продолжив по Илинденска и тие пак запреа и излегоа двајца, пак со цел да ме блокираат, да ме запрат и да ме нападнат. Ме фати семафорот кај парк кој трае долго. Силеџиите беа три коли зад мене и излегоа тројцата и дојдоа до мојата кола, среде улица и почнаа да пцујат и ми ја отворија вратата и почнаа да ме удираат додека јас се уште седев. Тројца млади јаки мажи тепаат 64 годишен човек“, пишува Чашуле.

Професорот, потоа раскажува што се случило кога стасал на Илинденска:

„Јас се бранев и им вратив, но тие ме повредија вака: Очилата ми ги набија под левото око и бидејќи се метални се забодија едно пола сантим во кожата и почна да грга крв. Ме удрија и по носот, кој исто почна да крвари, и ме удрија на милиметри под окото, кое потече и исто така крвареше. Ми удри еден од нив бокс во ребрата и ми го повреди најдолното лево ребро. По кратко време, кога видоа дека им враќам, тргнаа кон својата кола пцуејќи ми мајка…Значи имаше многу коли, многу сведоци, но никој не им го попречи патот, никој десетина минути иако очигледно крварев, НИКОЈ не запре да ми помогне. Отидов на тротоарот и една жена ми пристапи која виде сѐ и која се згрози. Меѓутоа и таа се исплаши и си замина. Континуирано крваврев 15 минути и почна малку да ми се врти во глава. Едно момче, исто сведок ми понуди помош и ме испрати до дома. Си помислив дека можат да ме дотепаат дома и и други несреќи да ми прават. Се прибрав дома, со раскрвавена кошула и панталони, во болка и ми требаше 15 минути да го сопрам крварењето, особено тешко зараснуваше местото каде ми ги набија металните очила кои се сосема искривени а ги фрлија на улица (јас ги прибрав).“, вели професорот.

Се поставуваат неколку прашања, вели професорот, кој ми ги смести силеџиите?

„СДСМ, Заев, Шеќеринска? Ахмети, ДУИ? или можеби дури од МАНУ,ВМРО? Мијалков?
Или најпосле сите овие креатури најдоа кауза околу која да се здружат и да ме ликвидираат оти со мојата праведност им ги мрсам сметките? Да го натепаат најеминентниот етимолог, индоевропеист, македонист, балканолог и славист? Ама не предвидоа колку сум јак и дека можам да се одбранам.

И никој не ме штити, никој не застанува во моја одбрана само крокодилските солзи на фејсбук..а инциденти колку да сакаш, како нокаутот среде Струга крај Дрим, труења со храна итн итн на мртви да кажуваш…БРАВО!“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com