Home » „Пресудата за случајот Талир Е ДИКТИРАНА ОД СДСМ“

„Пресудата за случајот Талир Е ДИКТИРАНА ОД СДСМ“

by Журнал.мк

Пресудата за случајот Талир е диктирана во СДСМ, и тоа од седиштето кое е нелегално присвоено како поранешен објект на МОН. Ова го прават не затоа што се силни туку затоа што се слаби и знаат дека народот не ги сака и рејтингот на СДСМ тоне.ВМРО ДПМНЕ не се објектите, туку народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека пресудата на Талир е дефокус од животот во национална катастрофа, поскапувања и грабеж кој се прави на народот.

– Обвинителството и судот се продолжена рака на СДСМ. Пресудата во случајот Талир 2 е предвреме напишана. Истата е обзнанена неполни 24 часа по завршните зборови. Кога судијката најде време да ги анализира завршните зборови, и кога најде време да ја напише пресудата, посочуваат од партијата.

Тие истакнуваат дека за разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН.

– СДСМ е единствена партија во светот која за партиско седиште има зграда на Министерство за образование. Партиското седиште на СДСМ наместо студентски дом како за студентите на Медицинскиот факултет сега е седиште на најкриминалната партија, велат тие.

Оттаму додаваат СДСМ треба да каже како го стекнале своето седиште кое е симбол на луксуз?

– Институциите треба да го истражат случајот како државна зграда станала партиски штаб. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада, истакнаа од партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk