13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Престрелка во затвор во Панама – најмалку 12 загинати и 13 ранети

Најчитани вести

Најмалку 12 лица загинаа, а 13 се ранети во престрелка меѓу две групи затвореници во затвор во близина на градот Панама Сити, соопштија официјалните лица.

Полицијата соопшти дека запленила пиштоли и пет пушки по инцидентот во затворот Ла Џоита, 25 километри источно од главниот град.

Панамскиот претседател Лаурентино Кортизо изјави дека инцидентот покажал дека затворските чувари помогнале шверцувајќи оружје во затворот.

– Оружјето не падна од небото. Очигледно, постоела некаква соработка за да се донесе оружјето во затвор, рече Кортизо.

Полицијата соопшти дека пукањето започнало во установа во која се затворени членови на разни криминални групи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com