26.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Престојот во Мадрид му се претвора кошмар – Азар повторно се повреди

Најчитани вести

Престојот на Еден Азар во Реал Мадрид станува кошмар за него и за клубот. Белгиецот, речиси два месеци не играше поради повреда, во саботата одигра 15 минути во драматичната победа над Елче и повторно се повредил.

Азар го пропуштил денешниот тренинг. Неговата повредата, на прес конференцијата, пред дуелот со Аталанта во Лигата на шампионите, ја потврдил тренерот Зинедин Зидан.

„Азар не е подготвен, нема да игра против Аталанта. Не можам да објаснам за што станува збор. Се надевам дека се работи за ситна повреда“, рекол Зидан и дополнил.

„Нешто се случува. Никогаш во кариерата не се повредувал толку често. Не можам подетално да објаснувам. Сакаме да му помогнеме. Се надевам дека наскоро ќе биде со нас. Барам трпение од навивачите, сите знаеме каков играч е Еден“.

По пресот на Зидан, Реал објави дека, Азар имал повреда на мускулот на десната нога и дека се уште не е познато колкава пауза го очекува.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести