21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Пресврт: Сон ќе игра против Црвена Звезда

Најчитани вести

Сон Хеунг Мин отпатува со тимот на Тотенхем за Белград, каде „спарси“ утре ќе се сретнат со Црвена Звезда во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите. Корејскиот офанзивец делуваше во шок по инцидентот во финишот од мечот со Евертон, кога по неговиот старт противничкиот фудбалер Андре Гомеш заработи скршеница на ногата.

Британските медиуми во текот на вчерашниот ден најавуваа дека Сон поради депресија ќе остане во Лондон и нема да настапи против Црвена Звезда, но Маурицио Покетино реши да го повика офанзивецот меѓу патниците за Белград. Заедно со Сон на списокот на фудбалери се најде и Хари Кејн, кој поради болест не настапи на дуелот со Евертон.

Тотенхем на претходниот меч ја декласираше Црвена Звезда со 5-0, меч на кој и Сон и Кејн постигнаа по два погодоци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести