9.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Преполнета со ковид болни е Тетовската болница, најмладиот има 31 година

Најчитани вести

Од ден во ден расте бројот на хоспитализирани со ковид-19 во Клиничката болница во Тетово. Пред три дена и Одделението за неврологија беше преадаптирано во Ковид одделение, но за кратко време и тоа е пополнето со новозаразени пациенти.

„Вчера имавме еден многу лош ден, имавме голем број пациенти за хоспитализација и амбулантски прегледи, а и сите слободни кревети беа исполнети. Во овој момент, имаме 124 хоспитализирани пациенти од кои дури 18 се примени во последниве 24 часови. Ова е максимимот од почетокот на пандемијата. Во истиот период имаме и 9 починати. Сите тие биле со сериозни комбидитети и сите се над 65 години. Меѓу тие што се на болничко лекување има и помлади пациенти, еден е на 31 година, а вториот е на 47 години. Од сите 124 хоспитализирани пациенти, 13 имале добиено прва доза од вакцината, а втора доза само 3 пациенти. Значи преку 90 проценти од хоспитализираните не се вакцинирани“, вели д-р Гзим Нуредини, раководител на Ковид-центарот во Тетово.

Тој кажа дека во моментов не може да се кажеме точно колку слободни кревети има, бидејќи имаше 4 слободни, но и тие може веќе да се пополнети.

„Вчера, имавме ситуација кога имавме пациенти кои се ковид позитивни, но примарно имаат срцеви и други тешки заболувања, па вакви 3 пациенти се испратени за Скопје во болницата „8 Сетпември“. Исто така, имаме и постковид пациенти кои се тука и по три-четири недели и разговараме како да најдеме решение за тоа како тие и понатаму да се третираат“, вели д-р Нуредини.

Дека состојбата со заразата во Тетовскиот Регион не се смирува зборува и бројот на амбулантски прегледи, 209 во изминативе 24 часа, што според д-р Нуредини, значи дека во наредниот период ќе има уште нови хоспитализации.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com