Премиерот на Тунис, Јусуф Чахед денеска ги разреши од должност министерот за надворешни работи и за одбрана, за помалку од две недели откако Каис Саиед е избран за нов претседател на земјата.
Како што се наведува во соопштението од Владата, од должност се разрешени министерот за одбрана Абделкарим Збиди и шефот на дипломатијата Ханаис Џунауи.
Двајцата сменети министри важат за блиски соработници на поранешниот претседател на Тунис, БЕџи Каид Есебси, кој почина во јуни годинава.