1 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Премиерот на Австралија се извини поради годишниот одмор за време на пожари

Најчитани вести

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска јавно се извини што отишол на одмор на Хаваи додека се влошува ситуацијата со пожарите во земјата.

Морисон рече дека ќе го скрати одморот откако неговото отсуство оваа недела наиде на осуди и протести.

Тој денес за радиостаницата 2 GB потврди дека е на Хаваи со семејството. Тој додаде дека редовно добива информации за пожарите и последиците од минатонеделната ерупција на вулканот во Нов Зеланд во кој загинаа 11 Австралијци.

„Имајќи ги предвид последните трагични настани, ќе се вратам во Сиднеј што е можно поскоро“, рече Морисон.

Во моментов пожарникарите водат борба против повеќе од 100 пожари среде рекорден топлотен бран, пренесува Би-би-си.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести