Home » Премиерот им се заблагодари на хероите кои секојдневно ги ризикуваат своите животи

Премиерот им се заблагодари на хероите кои секојдневно ги ризикуваат своите животи

by Журнал.мк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати телеграма со честитки до пожарникарите во нашата држава по повод 20 Мај – Денот на македонските пожарникари.

„Ви оддаваме должна почит и неизмерна благодарност за вашиот огромен придонес во општеството, во служба на заедницата и зачувување на нашите мир, безбедност и сигурност. Справувајќи се со природни непогоди, несреќи и катастрофи, секојдневно го ризикувате вашиот живот, спасувајќи ги животите на другите и штитејќи ги имотите на нашите граѓани и на нашата заедница, што неизмерно го цениме“, порачува во честитката премиерот Ковачевски.

Изразувајќи искрени и срдечни честитки во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија во чест на 20 Мај – Денот на македонските пожарникари, премиерот Ковачевски порача солидарноста и грижата за другите да биде поттик за сите идни генерации на пожарникари.

„Вашето чувство за солидарност и грижа за другите нека биде поттик за сите идни генерации на пожарникари, кои како и денешните генерации ќе продолжат да бидат симбол на пожртвуваност и подготвеност да се подаде рака за помош секаде и секому. Нека е честит 20 Мај – Денот на македонските пожарникари!“, истакна премиерот Ковачевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk