29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Премиерот Заев ќе учествува на конференцијата на „Економист” во Атина

Најчитани вести

На „25-та тркалезна маса со грчката Влада” во организација на „Економист”, што денеска и утре ќе се одржи во Атина ќе учествува и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот Заев, утре наутро заедно со неговите колеги од Албанија и Косово Еди Рама и Албин Курти, ќе дискутираат за зајакнување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, за проширувањето на ЕУ, за трговијата и инвестициите, како и за иницијативите за мир и подобро разбирање.

На панел дискусијата заедно со Заев, Курти и Рама (кој ќе се вклучи онлајн), ќе учествуваат и поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Кираровиќ, претседателка на мрежата „Диктио” и поранешната европска комесарка Ана Дијамантопулу, пратеникот од СИРИЗА и поранешен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, како и поранешниот претседател на Републикански национален комитет Рајнс Прибес.

„25-та тркалезна маса со грчката Влада” е под наслов „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност”, а на панел дискусии ќе учествуваат и потпретседателот на ЕК, европски комесари, поранешни и актуелни министри од Европа и Грција итн.

Вечер, на гала вечерата говор ќе одржи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а на утрешната гала вечера, односно на затворањето на конференцијата, ќе говори лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

Премиерот Заев учествуваше и на ланската конференција на „Економист”, односно на „24-та тркалезна маса со грчката Влада”, што наместо во јули, поради пандемијата, се одржа во септември минатата година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com