32.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Премиерот Заев на годинашниот Самит во Солун

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на годинашниот Самит во Солун, кој под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопиус Павлопулос, ќе се одржи на 14 и 15 ноември.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев на самитот е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”, која ќе се одржи во четврток вечер на 14 ноември.

Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести