6 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Премиерот Заев е оптимист за добивање датум за започнување преговори со ЕУ

Најчитани вести

Дури и без усвојување на Законот за јавно обвинителство, премиерот Зоран Заев е оптимист дека земјава ќе добие датум за започнување преговори со Европската Унија. Вели дека ЕУ не смее да ја казни примерната земја во регионот за спроведување на реформите, додавајќи дека барањата на Франција не се однесуваат на условите кон Македонија, туку за примена на продуктивни методи за време на преговорите.

Опозицијата оценува дека со Заев како премиер земјава нема да добие датум. ВМРО ДПМНЕ ја обвини Владата дека се откажала да го усвои Законот за јавно обвинителство.

Во пресрет на одлуката за добивање или не на датум за преговори со ЕУ, работните групи меѓу власта и опозицијата за усогласување на Предлог законот за јавно обвинителство не отстапуваат од нивните ставови. Опозицијата бара текстот да биде испратен до Венецијанската комисија, додека власта смета дека барањата на ВМРО ДПМНЕ ги надминуваат црвените линии.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести