Финансиската моќ на премиерлигашите се покажа во најдобро светло токму во овој преоден рок, во кој клубовите потрошија 1,9 милијарди фунти.
Ова лето се потрошени 500 милиони повеќе во однос на досегашниот рекорд од 2017 година, а дури девет од дваесетте клуба ја надминаа границата од потрошени 100 милиони фунти.
Челси го собори својот, но и премиерлигашкиот рекорд откако потроши над 250 милиони фунти, а медиумите пренесуваат дека со активирање на вклучените бонуси, таа сума оди за 25 милиони фунти погоре.
Манчестер Јунајтед го собори сопствениот рекорд со потрошени 215 милиони фунти, а тоа важи и за Вест Хем со 163 милиони, односно Тотенхем кој плати 152 милиони фунти.
Рекорден трансфер е тој на Антони, за кого Манчестер Јунајтед му плати на Ајакс сума од 82 милиони фунти.