Home » Премиерлигашите веќе нема да клекнуваат пред секој натпревар

Премиерлигашите веќе нема да клекнуваат пред секој натпревар

by Журнал.мк

Премиерлигашите повеќе нема да клечат пред почетокот на секој натпревар за да покажат солидарност во борбата против расизмот, туку тоа ќе го прават „во значајни моменти“, објавија капитените на тимовите од Премиер – лигата.

Фудбалерите во Премиер лигата го воведоа обичајот да клечат пред почетокот на секој натпревар, откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен од бел полицаец во САД во 2020 година.

„Остануваме решени да ги искорениме сите расни предрасуди и да создадеме инклузивно општество кое негува почит и еднакви можности за сите“, соопштија капитените на англиските тимови од елитата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk