Home » ПРЕМИЕРА: Porsche Cayenne Turbo E-Hybrid е најмоќниот Cayenne во историјата!

ПРЕМИЕРА: Porsche Cayenne Turbo E-Hybrid е најмоќниот Cayenne во историјата!

by Lina Muslija

Новиот плаг-ин хибриден Porsche Cayenne Turbo E-Hybrid со GT Пакет комбинира моќен твин-турбо V8 со електромотор за да испорача вкупно 739 коњски сили и 950 Nm вртежен момент – доволни за спринт до 100 километри на час за 3.6 секунди!

Со лансирањето на освежениот Cayenne, во хиерархијата на големиот луксузен SUV на Porsche во Европа се створи дупка во форма на Cayenne Turbo GT кој мораше да биде исфрлен од понудата заради се подраконските ЕУ норми. Но на негово место добиваме нешто кое успева да ги искомбинира врвните перформанси и ниските емисии на штетни гасови – плаг-ин хибридниот Cayenne Turbo E-Hybrid.

Со освежувањето, постоечкиот плаг-ин хибриден Cayenne добива зголемена моќност за околу 10 проценти, но зголемената моќност не едноставно зголемување на притисокот на турбополначите – 4-литарскиот твин-турбо V8 добива сериозни надградби за да испорачува 599 коњски сили и соработува со 176-коњски електромотор кој пак се напојува од нов батериски модул со капацитет од 25.9 kWh.

Резултат на сето тоа? Импресивни 739 (да заокружиме на 740, може?) коњски сили и 950 Nm вртежен момент, кои пак го забрзуваат големиот Cayenne до 100 километри на час за само 3.7 секунди и му овозможуваат да постигне 295 километри на час. Дел од стандардната опрема е новата воздушна суспензија со две комори и два вентили (која веќе ја пробавме на новиот Cayenne S кој го возевме во Лајпциг), како и Porsche Torque Vectoring Plus и системот за управување на задната оска. Cayenne Turbo E-Hybrid добива и поагресивен преден дел со поголеми отвори за воздух, заден дел со нагласени издувни цевки и шепи од сопирачките во црвена боја.

Во кабината забележуваме декоративни елементи од алуминиум, GT Sport спортски управувач и спортски седишта кои се нагодуваат во сите можни насоки.

Оние кои ќе го одберат Cayenne Turbo E-Hybrid Coupe со GT Package ќе добијат уште поспортски карактер на супер-брзиот SUV бидејќи оваа изведба добива компоненти и детали од Cayenne Turbo GT. Сите системи за контрола како и самата шасија се специфично тјунирани за овој модел а автомобилот е 10 милиметри поблиску до подлогата. Суспензијата добива и ревидирана геометрија а предните тркала се пошироки – сè со цел да се добие подиректно и подинамично управување. Дел од пакетот се и Porsche Ceramic Composite сопирачките, а може да се нарачаат и уште поспортски гуми за 22-инчните тркала, како и управување на задните тркала.

GT Пакетот вклучува и црни детали на екстериерот, карбонски детали на задниот спојлер, централно-поставени завршетоци на титаниумскиот издувен систем и карбонски заден дифузер. Cayenne Turbo E-Hybrid with GT Package забрзува до 100 километри на час за 3.6 секунди и постигнува максимална брзина од 305 километри на час!

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk