-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

ПРЕМИЕРА: Новата европска Mazda 2 е ребрендиран Toyota Yaris

Најчитани вести

Јапонскиот производител го претстави својот нов најмал модел – новата Mazda 2 е всушност ребрендиран хибриден Toyota Yaris.

Новата Mazda 2 е всушност дел од соработката меѓу Toyota и Mazda. Измените се скоро непостоечки – значките на Toyota се заменети со значки на Mazda – и тоа е тоа. Новата Mazda 2 е всушност добро-познатиот Yaris (кој ние го возевме по неговото пристигнување на македонскиот пазар, нашиот тест можете да го видите тука).

Под кожата на новата Mazda 2 се крие истиот хибриден погон кој го користи Yaris – a тоа значи вкупна системска моќност од 120 коњски сили благодарение на 1.5-литарскиот бензинец, батериите и електромоторот.

Според најавеното, новата Mazda 2 ќе се нуди во три нивоа на опрема – Pure, Agile и Select. Новиот модел ќе ѝ помогне на Mazda да ја намали просечната емисија на C02 на целата гама на возила и да биде во согласност со европските строги регулативи. Mazda најави дека сака да ја намали вкупната емисија на C02 за 50% до 2030.

Toyota веќе има неколку вакви соработки и со други производители. Во моментов, слична соработка има со Suzuki, чиј плаг-ин хибриден Across е всушност ребрендиран (и дискретно редизајниран) плаг-ин хибриден Rav4.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com