Home » Премиера на претставата „Едвард Втори“ утревечер на „Охридско лето“

Премиера на претставата „Едвард Втори“ утревечер на „Охридско лето“

by Журнал.мк

Театарската претстава „Едвард Втори“ од Кристофер Марлоу е единствената премиера на програмата на годинешното „Охридско лето“. За неа режисерот Андриј Жолдак ќе рече дека го ставил акцентот на односот помеѓу таткото и синот, на ефектите од недостигот на мајката, луксузот и моќта, потребата од стапување во брак, но и менувањето на сексуалната определба. Тоа денеска е актуелно и нормално, меѓутоа од друга страна не принудува да ја побараме причината за ваквите појави и процеси.

„Претстава на која макотрпно работевме веќе два полни месеци во едни услови и начини кои ги надминуваат рамките на она што барем досега за мене било поимање на создавањето на театарски претстави. Преку еден навистина интензивен многу жесток процес стигнавме до еден завршен резултат кој е поразличен од сето она кое нашиот театар го продуцирал“, изјави Сашо Димоски- директор на НУЦК Театар Јордан Х. К. Џинот Велес.

„Ми беше големо задоволство да соработувам со целокупната актерска екипа и режисерот и со сите луѓе од Македонија кои ми помогнаа во остварувањето на овој проект, а костимите произлегоа од самите проби“, нагласи Симон Мачабели, сценски дизајн и костими, Грузија.

Претставата е копродукциски проект помеѓу велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот и Драмскиот театар „Масалитинов“ од Пловдив, а ја реализира исклучително млада актерска екипа.

„Искуството од една страна многу, многу напорно и силно, но од друга страна тоа е едно прекрасно искуство кое знам дека нема да го заборавам до крајот на мојот живот“, рече Јована Миладинова-актерка.

„Кога сме на сцена и кога работиме едноставно заборавам на се, само го пуштам срцето и му дозволувам на Андриј да ме води“, додаде Бранко Михајлоски-актер.

Љубителите на театарот ќе можат да го проследат овој проект утревечер на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More