8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Премиера на „Палјачи“ во четврток во МОБ

Најчитани вести

Оперската претстава „Палјачи“, од Руџето Леонкавало е премиерата што ќе биде прикажана на 30-септември во МОБ.

Премиера на оваа претстава последен пат била изведена на 27 февруари 2001 година. Последната претстава пак, се прикажувала на 10 април 2010 година. Подготовките течат иако според инволвираните претставата е исклучителен предизвик.

-Јас ја замислив оваа претстава да се постави уште пред да си ја дадам оставката како уметнички раководител и среќна сум што Операта не се откажа од оваа идеја. Не се промени тимот кој планирав да ја работи претставата, така да сум задоволна и ја чувствувам како своја со самото тоа што замислив да биде по овој состав, но и со тоа што претходните последни претстави ги диригирав јас самата, пред 12 години, рече диригентката Бисера Чадловска.

Иако ќе се внимава на мерките и протоколите, сепак учесниците на сцената ќе бидат во костими.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com