23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Премиера во Турскиот театар: „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска Попова

Најчитани вести

Вечерва во турскиот театар, со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска – Попова и според текстови на П.Квилтер, Н.Мартин, Џ.Коган, Б.Крајчевска, Д.Милошевска – Попова.

Костимографијата е на Розе Трајческа Ристевска, автор и драматург на претставата е Билјана Крајчевска, сценографија е на Татјана Блажевска – Христоска, а кореограф е Игор Киров. Композитор е Ирена Поповиќ – Драговиќ, а преводот е на Билге Емин.

Главните улоги се на Бедија Беговска во улогата на Флоренс Фостер Џенкинс, Џенап Самет – нараторот Ерл Вилсон, новинар и музички критичар, Артуро Тосканини, Карло Едвардс и Доктор Херман, Селпин Керим – Сент Клер Бејфилд (сопругот на Флоренс, нејзин менаџер и актер), Јеткин Сезаир – Козме Мекмун (пијанист и корепетитор на Флоренс) и Ебру Мусли – Кетрин Ведерли ( актерка – девојка на Бејфилд, Лили Понс – оперска пејачка и Девојката од публиката).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести