-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Преку обуки за наставници до претприемничко општество

Најчитани вести

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија (АППРСМ) започна со реализација на обуки за поттикнување на вештините за социјално и зелено претприемништвото кај младите преку обуки за наставниците од средното образование.

“Овогодинешната програма за поддршка на претприемништвото во Република Северна Македонија предвидува неколку атрактивни содржини меѓу кои во тек е спроведување на образовни обуки за наставници на актуелните теми како што се социјалното и зеленото претприемништво. Сметаме дека наставниците кои предаваат претприемништво и бизнис се наша продолжена рака за поттикнување на претприемaчкиот дух кај младите генерации особено преку основање на социјални претпријатија и зелени бизниси. Ова е единствен пат кон похумано и одговорно општество преку деловните потфати на младите.“ – изјави Шенаси Џеладини, директор на АППРСМ.

Обуките кои ќе се одржат во Скопје, Велес, Кочани и Битола се пред сѐ наменети за усовршување на методата за предавање преку примери и предвидуваат студиски посети или гостински предавања на основачи на социјални претпријатија. Програмата ја реализираат претприемачи и истакнати професори и истражувачи во полето на претприемништвото раководени од проф. др. Марјан Бојаџиев и претприемачот и истражувач Македонка Димитрова од УАКС Институтот за претприемништво и лидерски развој.

“Обуките се обид да се прикажат успешни примери за социјални и зелени бизниси, и да се покаже на младите дека и во, и од Македонија може да раководат со успешни социјални и зелени бизниси. Тоа е нешто што недостасува во учебниците, локалните примери и учење преку примери се иднината на образованието на полето на претприемништвото.

На УАКС Институтот за претприемништво и лидерски развој оваа наставна метода по примерот на Универзитетот Харвард ја применуваме повеќе од 15 години, и сметаме дека има голем успех кај новите генерации.“ – уверува Македонка Димитрова.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести