8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Преку Ковакс за Северна Македонија 103.200 вакцини против Ковид-19

Најчитани вести

Механизмот Ковакс објави план за дистрибуција на вакцини за земјите во развој, според кој околу 800.000 дози, најмногу од вакцината Астра зенека ќе бидат распределени на Балканот, во првата половина од годината.

Србија ќе добие најмногу во регионот – 345.600 дози, БиХ 180.000, Албанија 141.600, Северна Македонија 103.200, Косово 100.800 и Црна Гора 84.000.

Според oбјавата на Ковакс, сите дози кои ќе пристигнат во Македонија ќе бидат од вакцината на Астра зенека.

Кога станува збор за земјите во светот, Индија ќе добие најмногу, 97,2 милиони дози, Пакистан 17,2 милиони, Нигерија 16 милиони, Индонезија 13,7 милиони, Бангладеш 12,8 милиони, Бразил 10,6 милиони, Кенија 4,2 милиони, Судан 3,4 милиони, Јемен 2,3 милиони и Сирија 1,02 милиони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести