Пченката и сончогледот ќе бидат доминантни култури но можни се отстапки во планираното. Почвата е презаситена со влага, температурата на земјата е пониска од идеалната што ќе влијае штетно на развојот на културите велат земјоделците
Луцерката и грашокот се само дел од засеаните култури кои можат да скапат. Неумерената влажност е сериозна закана и за есенските посеви посебно јачменот и пченицата. Лебното зрно е во фаза на класење и цутење но и во опасност од развој на штеточините.
Пелагониските земјоделци стравуваат и од најавата дека и во следните денови ќе има врнежи од дожд што дополнително ќе ги отежни и така неповолните состојби на парцелите.