Актерката која ја глумеше Шехерезад во турската серија „1001 ноќ“ Бергузар Корел и нејзиниот сопруг Халит Ергенч, познат по улогата во „Величествениот“ беа специјални гости на настанот кој го организира луксузниот бренд за накит „Zen Diamond“ како негови заштитни лица.

На оваа свеченост, која беше одржана во Истанбул, Бергузар носеше прекрасна црна креација во која го истакна своето трудничко стомаче.

Бергузар и Халит веќе се родители на 9-годишниот Али, а сега го очекуваат своето второ дете. Парот стапи во брак во 2009 година.


