Турција се согласи привремено да ја запре операцијата во северна Сирија за силите предводени од Курдите да можат да се повлечат, соопшти американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој е во посета на Анкара.
Прекинот на огнот меѓу турската војска, поддржана од сојузниците милитанти, и борците предводени од Курдите, ќе трае 120 часа, според Пенс.
Договорот наложува , курдските сили да се повлечат од појасот од 30 километри по должината на сириската граница, каде што Турција сака да формира „безбедна зона“.