29.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Прекинат престојот на турски граѓани во БиХ по барање на Ердоган

Најчитани вести

Канцеларијата за надворешни работи на БиХ ги поништи дозволите за престој на четворица турски државјани.

Ова се случи по повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган до властите за време на посетата во Сараево во јули за екстрадиција на одредени турски државјани за кои Турција се сомнева дека се следбеници на Фејтула Ѓулен, кој е означен како двигател на неуспешниот државен удар во 2016 година, пренесува „Кликс“.

Според адвокатот Недим Адемовиќ, тој во име на четворица турски државјани се жалел на решението одбиено од Министерството за безбедност на БиХ така што сега е во тек управна постапка пред судот на Босна и Херцеговина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести