16 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Прекината расправата за пописот

Најчитани вести

По изгласувањето на дневниот ред на седницата, претседателот на Комисијата Артан Груби истакна дека ја прекинува работата по оваа точка заради потреба од дополнителни усогласувања помеѓу политичките партии во врска со овој Предлог-закон.

„Ова е веќе втор обид како се обидувам Законот за попис во 2020 година да го ставам на седница на Комисијата за европски прашања, но и двата пати по бараање на двете најголеми парламентарни партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се одложува дебата за овој закон поради потреба од дополнителни консултации и доближување на ставовите по Предлог-текстот на законот. Затоа денеска ја отворивме седницата, го утврдивме дневниот ред со таа точка и ја прекинав седницата за да дозволам простор за усогласување помеѓу политичките партии врз основа на Предлог-текстот“, изјави Груби.

Вели дека ДУИ во врска со овој текст нема никаков проблем, ниту тој како претседател на Комисијата за европски прашања.

„Сметаме дека овој Предлог-закон е прифатлив и затоа му дадовме поддршка во Владата и ќе го поддржиме во Собранието. Ќе видиме на кои ставови ќе се усогласат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ па потоа ќе ги дадеме нашите ставови врз основа на нивните забелешки. Јас немам видено никакви забелешки од страна ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, и сметам дека коалициски останува на овој Предлог-тескт кој исто така е прифатлив и за ЕУ“, рече Груби.

Вели дека ДУИ е отворена за дебата и се надева дека законот ќе биде усвоен навреме за да може да се реализира пописот во април 2020 година.

Претходно, пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев побара Предлог-законот за попис да се повлече. Предлогот го оцени како како штетен и неевропски, кој не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување попис на население.

„Апсолутно е приоритет да имаме попис во Република Македонија според критериумите на Евростат, на ЕУ и ОН. Овој вака предложен закон од власта на Зоран Заев и неговиот Завод за статистика во кој немаме никаква доверба апсолутно не е на таа линија. Законот треба да се повлече и да се види што и како понатаму затоа што граѓаните се масовно незадоволни од Предлог-законот за попис“, рече Ѓорчев.

Неговото барање не беше ставено на гласање.

Претседателот на Комисијата, Груби најави дека седницата за попис ќе биде дополнително закажана, а Комисијата продолжи со работа по 46-та седница на која на дневен ред е Предлог-законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста во второ читање.

Ова е второ одложување на расправата за Предлог-законот за попис на матичната Комисија кој влезе во Собрание со европско знаменце. Првата седница требаше да се одржи на 10 јуни, но беше откажана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести