-2.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Пред 5 месеци се РАЗВЕДЕ, а сега го покажа НОВОТО МОМЧЕ, фановите шокирани

Најчитани вести

Славната пејачка Адел неодамна се разведе, а фоторепортерите веќе ја „фатија“ со друг за кој никој не може да поверува дека сега е нејзино момче.

Како што пишуваат британските медиуми, Адел во моментот ужива во љубовта со раперот со уметничко име Скепта.

Да потсетиме, Адел (31) се разведе од својот сопруг Сајмон Конецки во април, а сега ужива со раперот од Тотенхем, Скепта (37). Тие двајца, како што пишуваат медиумите, излегуваат во Лондон не криејќи ја својата љубов.

„Адел и Скепта многу време поминуваа заедно откако љубовните врски им се распаднаа. Во меѓувреме се поврзаа еден за друг и делат многу заеднички интереси. Се повеќе време поминуваат заедно и сите пријатели претпоставуваат дека ќе бидат совршен пар“, коментираше анонимен извор.

Сепак фановите се изненадени од нејзиниот избор па многумина коментираат дека не можат да ја замислат оваа љубовна комбинација.

Инаку, Адел и Скепта и во медиумите говореа еден за друг и тоа со голема почит, а често и меѓусебно се споменуваат и на социјални мрежи.

Нивното пријателство трае подолго, во една прилика Спекта во 2016 година изјави „Адел постојано ми испраќа пораки и ме известува за се“. После тоа Адел ја закачи неговата слика на профилот на Инстаграм и напиша „Момчето од Тотенхем“ и додаде срце. На тоа, Скепта и одговори, „Те сакам“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com