Лепа Брена е родена 1960 година во Тузла, а својата кариера ја започнува со групата „Слатки грех“, во далечните 80-ти.
На самиот почеток на кариерата таа пленеше со својот изглед, како и го гласот и тоа на само 19 години.
Денес е една од најголемите ѕвезди во регионот, заработува милиони и изгледа одлично на прагот од седмата деценија од животот.
На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како Фахрета Јахиќ изгледала пред да ја доживее славата и луксузниот живот.
Инаку, фолк ѕвездата не е зависна од тоа да вози скапи и луксузни автомобили, па така таа беше уловена од екипата на „Папарацо лов“ додека управува со автомобил чија вредност е околу 3.000 евра.
Брена самата седнала зад воланот и тргнала во град, каде што се сретнала со својата колешка Бранка Невистиќ.
Целата јавност можи да се увери дека популарната пејачка живее живот како сите обични луѓе, без скапи автомобили и обезбедување, а тој ден Брена во јавноста се појави и без грам шминка.
Кој би рекол дека една од најпопуларните пејачки во регионот, која што само од продажбата на „Гранд“ заработила неколку милиони евра и која исто така од своите настапи заработува големи хонорари живее просечен живот./skopje24.mk