20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Пред пет години во Скопје, Бутрагењо имаше емотивна средба со „учителот“ Дојчиновски

Најчитани вести

На денот на одигрувањето на мечот за Суперкупот во Европа, пристигнаа информации за смртта на македонскиот фудбалски доајен, Кирил Дојчиновски. Легендарниот фудбалер и тренер почина на 78-годишна возраст, а зад себе остави многу успеси.

Интересно, пред пет години кога УЕФА му ја довери организацијата на Суперкупот на градот Скопје, Дојчиновски имаше емотивна средба со еден свој „пулен“. Емилио Бутрагењо во 2017 година беше директор во Реал Мадрид и гостуваше во Скопје за дуелот со Манчестер Јунајтед, а таму се сретна со својот тренер од времето во мексиканскиот тим Челаја (1995-1998). Во тие моменти во Скопје, членот на „кралевите“ кажа неколку зборови за македонската легенда.

86100-butragenjo-imashe-emotivna-sredba-so-svojot-uchitel-dojchinovski.jpg

„Во 1995 кога гo напуштив Реал Мадрид играв во Мексико, во Челаја. Кирил Дојчиновски беше мој тренер и со него имам многу убави спомени. За мене е многу емотивно што сум овде. Благодариме што дојдовте“, прокоментира Бутрагењо, а потоа се прегрна со Дојчиновски.

86102-butragenjo-imashe-emotivna-sredba-so-svojot-uchitel-dojchinovski.jpg

На средбата меѓу учителот и ученикот, Дојчиновски и Бутрагењо разменија неколку реченици на шпански јазик, подароци и насмевки. Легендата на Реал и прославениот Македонец соработуваа две сезони во редовите на Челаја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com