Home » Предлозите за уставни судии денес на Комисија за избори и именувања

Предлозите за уставни судии денес на Комисија за избори и именувања

by Журнал.мк

Комисијата за избори и именувања денеска во 11 часот треба да ја продолжи 13-та седница на која треба да бидат утврдени предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Продолжението на седницата, беше најавено вчера од претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска.

Комисијата вчера го утврди предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, да биде избран за уставен судија. Комисијата треба да се произнесе уште за осум предлог-судии.

Освен предлогот Фатмир Скендер, пратениците треба да ги разгледаат и предлозите за уставни судии на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во понеделникот одржа средба со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери за блокадата на изборот на четирите уставни судии.

Кацарска по состанокот со државниот врв изјави дека ако до крајот на годината Судот не биде комплетиран, тогаш на државата и се заканува уставна криза.

Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

На дневниот ред на 13-тата седница на Комисијата се ставени 21 точка, меѓу кои, состави на неколку парламентарни делегации, како и Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More