7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Предлог законот за Академијата на судии и јавни обвинители пред Комисијата за политички систем

Најчитани вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедници денеска на седница Предлог законот за Академија на судии и јавни обвинители, во прво читање.

Министерството за правда во образложението за за поребата од носење на законот, што се носи со европско знаменце, наведува дека произлегува од потребата за реформа на судството, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Македонија за членство во ЕУ и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди.

Основната намера на Владата за членство во Европската Унија, стои во образложението, налага продолжување на реформите во областа судство и негово натамошно унапредување, се вели во законското образложение.

– Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како: воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и редефинирање на начин на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите, се вели во Предлог законот за Академијата на судии и јавни обвинители.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com